ДУИ: Слободна економска зона во Липково

Демократската унија за интеграција најави градење на нова економска зона во општина Липково, со која тежнеат кон значително намалување на невработеноста, поттикнување на малите и средни бизниси во регионот, со цел постигнување на потполна економска рамноправност на жителите од зоната.

Носителот на листата во 2 изборна зона, Ејуп Алими рече дека овој проект по автоматизам значи и илјадници работни места во приватниот сектор за жителите околу зоната.

„Со отворањето на економската зона во Липково, ќе се создадат илјадници нови работни места. Ова не е првата и за бизнисите, затоа што досега се отвори тетовската, кичевската и струшката. Оваа економска зона ќе придонесе за сите околни населени места, затоа што ќе отвори нови можности и за бизнисите од зоната“, рече меѓу другото Алими кој што увери дека оваа економска зона ќе стане реалност во текот на идниот мандат.

„Нивото на невработеноста меѓутоа, и економското издигнување на зоната и бизнисите што постојат таму, останува таргет на проектот кој што ДУИ планира да го реализира“, рече меѓу другото министерот за економија Дритон Кучи.

„Се надеваме дека проектот ќе влијае убедливо на намалувањето на невработеноста и веруваме дека со идниот мандат ќе се постигне и главната цел, целосната економска рамноправност“, рече министерот Кучи.

Демократската унија за интеграција проценува дека економската рамноправност е суштинска и затоа планира градење на оваа зона во Липково со цел и на овој регион да му се подигне стандардот, како економскиот, така и социјалниот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e