Другар на Пино сведочеше: Многу беше мек со жените

На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо се сослушуваа тројца сведоци, кои одговараа на прашањата на обвинителката Лидија Раичевиќ и кажаа дека Пино бил нежен со девојките, пренесе Макфакс.

Другарката на второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска, Фросина Петковска, сведочеше дека првообвинетиот Фуркан Али и Ангела биле во врска една и пол година, но и дека таа се допишувала со Пино, кој ѝ се допаѓал.

Другарот на Пино, Дејан Митевски, сведочеше дека Ангела и Пино биле другари, но дека таа му се допаѓала.

– „Секогаш им излегуваше во пресрет на женските и што и да побараат од него ќе им удоволеше. Беше многу мек со жените“, сведочеше Митевски.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e