Доколку не сте задоволни од судиите обратете се до Судскиот совет – охрабруваат Заев и Дескоска

Наша задача како Влада е да подготвиме добра легислатива. Лично сум поборник за ветинг, за распуштање и реизбор на судиите, но поради големата бројка како би ги надополниле. – рече Заев вечерва во Отворено на 24ТВ.

Судскиот совет оценува и постапува за жалбите на граѓаните, тие може ги отповикаат, односно разрешат судиите, да покренат дисциплинска одговорност и дури постои можност за кривично гонење.
Законска рамка предвидува полесно поднесување на претставка до Судскиот совет каде соодветно реагираат за работата на судиите. – рече Минситерката за правда Дескоска. Јас ве охрабрувамда покренувате постапки.

Сега се создадени правни рамки за функционирање на системот. – порача Министерот за внатрешни работи.

Надлежните појаснија дека граѓаните треба преку медиумите да се информираат за своите законски можност и права дека може да се жалат за работата на судиите, а доколку станува збор за мито и/или корумпирани пресуди да се охрабрат и да поднесат кривични пријави преку МВР затоа што одговорност мора да има.

Груевски диктираше пресуди и кој да биде судија по телефон, се боревме тоа никогаш да не се повтори, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ24
Сега пресудите се јавни, се создаваат услови за владеење на правото и правда, рече премиерот Зоран Заев, додавајќи дека нема вечни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e