Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го смени ставот за поддршката за предвидените реформи во владиниот план 3-6-9. Илија Димовски за Алсат М потврди дека по последните случувања кои резултираа со одземање на имунитетот на 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, нештата се променети и дека од сега нема никакви гаранции дека ова партија ќе ги подржи потребните реформи за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.