Димова: Што побрзо се спроведат избори, тоа подобро затоа што тогаш можеме заеднички и институционално да дејствуваме

Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски политики и мобилност, во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека изборите се неопходност која мора да се случи што е можно побрзо бидејќи држава со нефункционални институции не може да биде пример за демократија.

“Ова што ни се случува со моменталната криза со коронавирусот е само доказ дека можеби треба еднаш засекогаш да се оди на избори, да се изберат институции кои ќе функционираат и ќе имаат целосен легитимитет за да излеземе од оваа криза.

Јас сериозно мислам дека техничката влада не може да се справи со ситуацијава. Владата нема таков легитимитет за да го прави тоа и затоа мора да има избори што поскоро. А како ќе ги организираме изборите тоа е друга работа. На пример, видете ги луѓето што работат во Кронберт и Шуберт како влегуваат на растојание по 3 метра и со маски. Значи, ако навистина сакаме, ние можеме да организираме избори каде точно ќе се знае кој во колку часот ќе дојде да гласа и сите ќе сфатат дека ова е така заради коронавирусот. Ама мора да имаме легитимни институции, легитимно собрание, легитимна влада. Што побрзо се спроведат избори, тоа подобро затоа што тогаш можеме заеднички да дејствуваме и институционално да дејствуваме” – истакна Димова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e