Димковски: 2,5 милиони евра вратени кај земјоделците, 98% откуп на тутунот

-Да се каже дека 2,5 милиони евра вратени кон земјоделците се ништо и е популизам е ваше право, му порача Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димовски на својот соговорник Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во „Економски магазин“ на Алсат ТВ.

-Зелената нафта наиде на добар прием кај земјоделците. Сакате да го продадете во јавноста како некој популизам, а јас би рекол тотално непознавање на програмата, му порача Димовски.

Министерот информираше дека 98% е завршен откупот на тутунот по висока откупна цена и дека во последните три години откупните цени се стабилни и зголемени, порачувајќи дека третманот кон оваа индустрија и кон тутунарите треба да е посериозен.

Трипуновски обвини дека се увезува ориентален тутун, но подоцна не знаеше конкретно да објасни кој е логичниот одговор зошто е проблем да се увезе тутн во случај кога домашниот тутн е 100% откупен, а има дефицит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e