Дигиталната трансформација за поевтин роаминг

Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан 2018 кој се одржува во Скопје. Претставници на владите од регионот, на ЕУ, на невладините организации и бизнис секторот дебатираат за потребата и предностите на дигиталната трансформација на опшествата во современиот живот.

Земјите од Западниот Балкан се обединети во дигиталната трансформација чија цел е просперитетна европска иднина за регионот, беше речено на првиот Дигитален самит за Западен Балкан, чиј домаќин е Македонија.

Зборувајќи за придобивките на дигиталната трасформација и револуција за животот на граѓаните, еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел истакна дека засилено се работи на изработка на Дигиталната агенда за Западен Балкан, која е дел од стратегијата на ЕУ за проширување за Западен Балкан 2025. Предупреди дека овој процес нема да биде лесен, и дека клучни точки кон остварување на истата ќе биде обезбедување на средства, подготвеност на јавната администрација, интернет инфраструктурата, но и зголемување на довербата на граѓаните во дигиталниот свет. Еврокомесарката истакна дека намалувањето на цените на роамингот ќе биде една од заложбите при дигиталната трансформација.

„Роамингот не е само неопходност, туку и важен стимул кој е од корист и за бизнисите и за граѓаните. Ја поздравувам иницијативата за намалување на цените. Ова е сложена тема за која на ЕУ и требаа речиси 10 години да ја оствари. Но, мораме да овозможиме пад на цените за роамингот на Самитот во Софија во маj”, рече Габриел во своето обраќање.

Целиот текст на Радио Слободна Европа прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e