„Детектор“: Значително пораснал бројот на граѓани кои велат дека аптеките се добро снабдени со лекови

Истражувањето на јавното мислење што за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје велидека 40,4% од граѓаните даваат поддршка за идејата за јавно приватно партнерство во здравството, додека 38,3% се против.

Мнозинството граѓани, или 31,4% сметаат дека македонските аптеки се добро снабдени со лекови кои се издаваат на рецепт во текот на целиот месец, а 22,9% велат дека аптеките се донекаде добро снабдени. 17% велат донекаде не на прашањето дали сметате дека се добро снабдени аптеките со лекови на рецепт во текот на целиот месец, додека 16,9% велат дека тие воопшто не се снабдени.

Во споредба со анкетата која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во јуни годинава, значително пораснал бројот на граѓани кои велат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на целиот месец. Речиси двојно е зголемен бројот на граѓаните кои сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови.

Од 16,7% во јуни, процентот на анкетирани кои сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт скокнал на 31,4%. За сметка на тоа, значително се намалил бројот на граѓани кои велат дека аптеките воопшто не се снабдени. Од 27,3%, процентот на граѓани кои велат дека воопшто нема лекови на рецепт во аптеките за 6 месеци се намалил на 16,9%.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e