Детектор: Над 40 отсто од граѓаните сметаат дека земјите од регионот имаат поквалитетно образование

Големо мнозинство граѓани смета дека земјите од регионот имаат поквалитетен образовен процес. Над 40 проценти сметаат дека во споредба со земјите од соседството, образовниот процес во земјава е полош, покажува анкетата на Детектор.

Кога станува збор за условите во училиштата, повеќе од третина од граѓаните сметаат дека бројот на ученици во еден клас или едно одделение е премал.

– Интересна е етничката поделба. Додека етничките Македонци се на став дека во паралелките има премалку ученици, нивните сограѓани, етничките Албанци се убедени во спротивното. Дури 44,9 проценти од анкетираните етнички Албанци сметаат дека во паралелките има преголем број на ученици. Спротивно на ова, 42,1 проценти од анкетираните етнички Македонци сметаат дека во едно одделение или клас има премалку ученици, велат од Детектор.

Граѓаните сметаат дека повеќе пари за наставниците нема да ќе го решат проблемот со образованието кое го сметаат за неквалитетно.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e