Деспотовски: Владата преку мерките покажа дека може да им биде вистински партнер на компаниите

Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој, во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија со коментар дека обвинувањата на опозицијата дека економските мерки донесени од техничката Влада се ненавремени и лошо таргетирани се неточни и неиздржани.

“Јас не се согласувам дека мерките се задоцнети, ниту пак дека се недоволно таргетирани. Таргетот во третиот сет на мерки беше промовиран пред десетина дена и дел од мерките веќе започнаа да се реализираат. Кризата се случи пред два ипол месеци, а ние во меѓувреме имаме три пакети на мерки кои се усвоени, првиот и вториот пакет се веќе во поодмината фаза на реализација. Поголем дел од мерките од првиот и вториот пакет беа директно насочени кон компаниите, бидејќи во таа фаза сите се соочуваа со проблем на ликвидност и нормално е мерките да бидат насочени кон поддршка на таа ликвидност. Тука пред сè не станува збор само за заштита на сопственикот на бизнисот, туку заштита и на самите работни места во компаниите и тука Владата покажа дека може да биде вистински партнер на компаниите бидејќи излезе во пресрет и овозможи исплата на минимална плата за компаниите за месеците април, а мај е во тек.

Сумирањето на бројките сега во оваа фаза додека мерките се реализираат, односно колку вкупно и каде е исплатено, се објавува на редовна основа. Значи, десетици илјади наши сограѓани, преку фирмите во коишто работат, благодарение на мерките успеале да земат минимална плата. Јас се надевам дека здравствената состојба ќе дозволи кај третиот пакет да го менуваме фокусот од поддршка на ликвидноста, односно од поддршка на преживување, кон фокус на заздравување. Заздравувањето подразбира дека ќе се најде начин да им се помогне да ги вратат приходите назад. Не е доволно компаниите постојано да ги држиме со главата над вода за да не потонат” – истакна Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e