Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, денеска во Њујорк ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Средбата, која ја најавија од грчкото министерство за надворешни работи, ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Коѕиас денеска ќе го придружува грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, а в петок, според најавите, ќе има средба и со специјалниот претставник на ОН во преговорите за спорот за името, Метју Нимиц.
На Генералното собрание на Обединетите нации, покрај шефот на македонската дипломатија, Попоски, присуствува и претседателот Ѓорге Иванов.
За поврзани вести продолжете надолу