Даниловски: Ситуацијата сега е полесна во однос на април бидејќи сега сите извори на зараза се познати

Во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија, проф. Драган Даниловски, епидемиолог, со проценка дека бројките на новозаболени од коронавирусот со кои се соочуваме деновиве се резултат на фактот дека минатиот месец имавме низа значајни епидемиолошки настани кога луѓето масовно се собираа и денешниве бројки се логична последица на тие настани. Она што е добро сега во однос на април е што тогаш имавме ширење на вирусот во заедницата кога не беа познати сите извори на зараза, додека сега имаме точно лоцирани извори на зараза и на некој начин е полесно.

“Според мене, Комисијата за заразни болести би требало уште утре или наредниот ден да следи како ќе се одвиваат работите и да процени добро дали се потребни строги карантински мерки. Доколку се одлучи за тоа, тоа може и селективно да се направи, на пример да се стават во изолација одделни улици или маала, не мора цела општина или град да се стави во изолација или карантин. Таквите мерки беа успешни во Дебар, таму сега работата е практично смирена. Јас би апелирал до сите релевантни фактори политички, здравствени и други влијателни субјекти да се сплотиме и да се симнеме меѓу луѓето, да разговараме со нив, да ги направиме сојузници влијателните луѓе во маалата и населбите. Да седнеме со влијателните свештеници, попови, оџи, претседатели на месни заедници, бизнисмени. Нив да ги ставиме на своја страна и да ги анимираме за да обичниот човек од нив слушне дека ова е опасна работа, дека не е точно дека не постои вирусот, дека почитувањето на мерките значи заштита на целото семејство. Потребна е поинтензивна кампања на комуницирање по вертикала до најниските нивоа на нашето општество” – истакна Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e