Дане Талески за Фактор: Оние кои ја произведоа политичката криза неможе да бидат креатори на новата Влада!

Победата на СДСМ во изборната битката за Теарце потврди една поширока констатација -дека најголем дел од јавноста сака промени во Македонија, и се надевам дека составувањето на владата ќе ја следи оваа јасно искажана волја на граѓаните- вели за Фактор, универзитетскиот професор Дане Талески.

Според него е незамисливо, како за домашната, така и за меѓународната јавност, истите луѓе кои ја произведоа кризата во Македонија со нивното десетгодишно владеење, сега повторно да состават влада и да ја водат државата. Кризата вели  е резултат на нивните политики, а ако тие пак дојдат на власт, додава Талески,  може да се очекува кризата само да продолжи и да се продлабочи.

“Станува се поочигледно дека ВМРО-ДПМНЕ нема меѓународна поддршка да продолжи да ја води Македонија, откако резултатот од изборите покажа дека домашната поддршка за нив е стопена. Ова најмногу се однесува лично на Никола Груевски, и неговиот најблизок круг на политички сојузници, против кои има отворено многу истраги во СЈО. Политичката ситуација и без тоа е фрагилна. Подолг период се наоѓаме во политичка криза, која има различни амплитуди. Добро е што изборите беа релативно мирни, а атмосферата можеше и требаше да биде подобра, во смисла дека изборите не беа баш фер и демократски, имаше доста пропусти и проблеми како и во претходни изборни циклуси. Реториката која политичките процеси ги именуваше како војни, битки дополнително ја милитаризираше  политичката ситуација во Македонија”- додава политикологот Талески.

Работата на СЈО според универзитетскиот професор  е најдобрата шанса Македонија  да се извлече од кризата. Не само што работата на СЈО мора да продолжи, туку вели таа треба да се засили и процесите да добијат соодветна судска разрешница. Според Талески крајно е неетички и неморално да претендирате да извршувате највисоки државни функции, додека против вас се водат истраги за најтешки злоупотреби на моќ и политички функции, здружување за организиран криминал, корупција.

“Не сум сигурен дека има моментална правна колизија, во однос на истрагите кои се покренати против одредни лица и нивниот моментален ангажман во политика. И од таа позиција доаѓа критиката од надвор, од довчерашните сојузници и пријатели на партијата, дека ВМРО-ДПМНЕ мора да помине низ процес на внатрешни промени и реструктирања. Тоа се добронамерни совети за партиските членови, и колку побрзо го започнат тоа толку подобро ќе биде за нив”- потенцира професорот Талески.

Острата реторика на ВМРО-ДПМНЕ преку прогласот за директно мешање на дел од амбасадорите и меѓународната заедница во внатрешната политика на земјава и дека ги прекинуваат сите преговори и ткн “хибридни” решенија предизвика серизна нота на загриженост кај домашната и меѓународната јавност. Ова, вели политикологот беа очајни потези направени во ситуација на страв и паника.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e