Чудовиште на плоштадот “Грозотија

На плоштадот “Грозотија” го довлечкаа старото метално чудовиште, демек, новогодишната елка на Скопјанг.

Покрај овој новогодишен посерок на власта, пристоен човек се чувствува како кога по капење жената да му ги подава посраните гаќи или како во сексуалната сеанса што непосредно му претстои да го навлекува презервативот од вчера. Уште повеќе, како Груевски да му ја честита новата година во својство на премиер!
Па нели е тоа премногу дури и за македонскиот дух без критериуми.
На толку посадени дрвца и на толку испосечени и испокрадени шуми и буџети, да не можело да се најде асолна природна елка или да не се направи некој нив супериорен во естетска, материјална и функционална смисла, централен новогодишен симбол, па тоа е навистина тажно. Толку тажно што ќе биде нормално ако така си ја честитаме годината што доаѓа: “Ај нека ни е потажна Новата година!”

Бранко Тричковски

Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e