Членови на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничките Стаменковска и Пешевска во поддршка за обвинетите во „ТНТ“(ФОТО)

Дваесетина членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба, како и пратеничките Невенка Стаменковска и Жаклина Пешевска се собраа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите во случајот “ТНТ”.

Како што велат, тука се да им дадат поддршка на обвинетите, но судот не ги пушти внатре од безбедносни причини иако судењето е јавно.

Адвокатите Мерџан Даути и Донче Наков, кои вчера беа казнети, не дојдоа ни денеска. Денеска следува сослушување на обвинетите, по што ќе следуваат завршни зборови на обвинителот и на обвинетите, односно одбраната, па пресуда.

Судијата даде два часа пауза за да можат адвокатите кои по службена должност се доделени да направат дополнителен увид во предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e