Лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, веќе зедоа и втора пауза по три часа откако ја почнаа лидерската средба.
Претставниците на партиите ги користат паузите за меѓупартиски консултации.
Средбата, на која присуствува и амбасадорот на САД, Џес Бејли, и двајца претставници на Делегацијата на ЕУ, почна со 40 минути доцнење откако последен пристигна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Него го дочека Александар Ѓеорѓиев, кој е портпарол на Владата. Тој истакна дека не е таму поради Груевски, туку затоа што на средбата присутен е и потпретседателот на Владата, министерот за здравство, Никола Тодоров.
Претставници од СДСМ се лидерот Зоран Заев, заменик-претседателката Радмила Шекеринска и пратеничката Рената Десковска. Од ДПА присутен е лидерот Мендух Тачи заедно со пратеникот Имер Алиу, додека ставовите на ДУИ ги застапуваат лидерот на партијата, Али Ахмети, и шефот на неговиот кабинет, Артан Груби.
На денешната средба лидерите треба да направат пресек колку од условите што ги договорија на 20 јули се исполнети и дали во декември ќе се одржат избори.
Извор: Мета