Честитка од Џафери по повод Националниот празник на Србите

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на српската заедница во земјава по повод 27 Јануари, Националниот празник на Србите.

-Почитувани граѓани, припадници на српската заедница во Република Северна Македонија, дозволете во свое име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да ви го честитам празникот Св. Сава. Српската заедница во Република Северна Македонија го дава подеднакво како и секоја етничка заедница својот придонес во секоја сфера од општествениот живот на земјата и тоа е значаен удел на патот кон остварувањето на нашите заеднички и стратешки цели како држава. Да бидеме сплотени и да си даваме меѓусебна поддршка на тој пат, се вели во честитката од Џафери по повод Денот на Свети Сава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e