Чепреганов: Тврдам дека во мојата земја 80% од луѓето се луѓе кои го почитуваат маските и ракавиците, но има 20% кои поради менталниот склоп не ги почитуваат

Методи Чепреганов, невропсихијаар, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека целата нација во моментов е заложник на 20% граѓани кои заради нематурираниот ментален склоп прават штета на целиот колектив.

“Личноста е конгломерат од осум психички функции. Тие психички функции не можат да бидат во максимална хармонија, мора да има дисхармонија, меѓутоа таа дисхармонија може да биде помала или поголема, тоа во мојата наука се вика матурација или зреење на личноста. Во матурацијата на личноста, човекот е или матуриран или нематуриран. Тврдам дека во мојата земја 80% од луѓето се луѓе кои го почитуваат маските и ракавиците, но има 20% кои поради менталниот склоп не ги почитуваат. Ние сме заложници или жртви на тие 20%. Недисциплинирано, неодговорно однесување, без да знаат дека не го загрозуваат само сопственото здравје, туку и здравјето на своите деца, своите соседи и своите блиски.

Основниот проблем на интерконтактот меѓу луѓето се интерперсоналните односи. Во интерконтактот помеѓу нас горат два огна, секогаш, секаде и во цел свет едниот оган се вика деструктивен нагон, другиот оган се вика стрес. Деструктивниот нагон се автоматизми, сили кои ги носиме во нас со нашето раѓање. Во текот на животот ако не успееш да го сублимираш тој деструктивен нагон, ти во текот на целиот свој живот ќе бидеш деструктивист, ќе имаш хипертрофирано его, а хипертрофирано его значи инает и суета. Во овој случај што се прави сега контра, јас кај одредени луѓе гледам хипертрофија на егото, суета и инает. Суетата и инаетот носат со себе експресија, односно сеат од себе према надвор омраза, злоба, завист и љубомора. Тоа е трагедија. Со такви луѓе не можете да разговарате” – истакна Чепреганов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e