Царовска: Третиот сет мерки е развоен и дава стимул и на личната потрошувачка

Мила Царовска, вице-премиерката за економски прашања во техничката Влада, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека економските мерки беа солидно искреирани и нивната цел е постигната, а тоа е да се сведат на минимум штетите по граѓаните и компаниите, што беше случај во многу економии и во регионот и во светот.

“Она коешто го имавме како ниски бројки во моменти кога не тестиравме и асимптоматски случаи, тоа е благодарение на тоа што навистина навремено се донесоа здравствените мерки и се стопираше ширењето на вирусот. Ние апсолутно навремено ги донесовме и економските мерки, тоа може да се види заради тоа што за само три месеци ние веќе имаме три сета на мерки од кои што првиот веќе се имплементираше и е завршен, вториот исто така е во тек со имплементација и третиот сет мерки веќе се искреира и се става во функција и на располагање со цел да ја поттикне економијата. Ако првите два сета беа да се намалат штетите и да се сведат на минимум, третиот сет мерки е веќе развоен и дава стимул и на личната потрошувачка, но исто така и на враќањето на економијата или стимулирање на граѓаните да ги посетуваат домашните туристички локалитети со цел оние кои биле најоштетени од кризата сега да им вратиме и на овој начин, покрај тоа што ги субвенциониравме и нивните плати и придонеси кај оние што беа најпогодени, добија бескаматни кредити со грејс-период од шест месеци и сето тоа беше изведено континуирано во координација и комуникација со синдикатите, со стопанските комори и организацијата на работодавачи со единствена цел да не пропуштиме нешто. Ние многу динамички менувавме дел од уредбите со цел ако увидиме дека е направен некој пропуст да го прилагодиме за да може што поголем број на компании или граѓани да влезат во системите на заштита и поддршка за да излезат помалку погодени. Инаку, некој да можеше да остане целосно непогоден, не беше возможно во оваа криза не само во нашата држава, туку и во регионот и во светот и токму затоа гледавме да ги сведеме на минимум ризиците од идна неликвидност и тоа го постигнавме. А тоа се гледа по тоа што немаме затворање на компании, немавме отпуштање на голем број на работници како шо тоа се случи во други посериозни економии” – истакна Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e