Царовска: Создадовме услови да имаме праводусен систем кој слободно ќе дејствува понатаму

Создадовме услови, донесовме законска рамка, за да може правосудниот систем слободно да дејствува понатаму, судскиот систем да се себеревидира, бидејќи судската власт е самостојна и да не дозволиме да се мешаат една со друга власт и ни една политичка партија да не се меша во судството, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Граѓаните треба да бидат партнери во борбата со корупцијата, ќе се наградуваат оние што пријавуваат, нагласи Царовска.

Законот за јавно обвинителство е донесен во согласност со сите европски стандарди, истакна Царовска, додавајќи дека случајот рекет е пример како за прв пат во нашата држава обвинител може да биде седнат на обвинителна клупа и да биде осуден и како се пријавува случај, тоа не можеше да случи во иминатите 12 години.

Ова е истото ВМРО-ДПМНЕ кое носеше 200 закони за 12 часа и тоа ноќе, ги блокираше законите кои беа добри за граѓаните, додека беа опозиција, порача Царовска.

Таа додаде дека граѓаните можат да напарават разлика кој зборува декларативно, а кој практично, што ние правевме секој закон се носеше во консултација со сите засегнати страни, сите податоци беа јавно достапни, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту еден од ВМРО-ДПМНЕ не се огради од Груевски, сите се обидуваат да покажат нова слика, но уште таму се поклонуват, нагласи истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e