Цаца Николовска: Како може да се размислува човек кој не е цивил да биде кадар согласно Уставот

Обид за пролонгирање на изборите и противуставно кадровско решение. Вака аналитичарите го коментираат предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за технички министер за внатрешни работи. Правникот и поранешен пратеник, Насер Зибери во изјава за Стандард вели дека кадровското решение е противуставно, но се сомнева дека не може да е пропуст, односно дека Мицкоски свесно оди кон блокада на изборите.

„Упорни се за предвремени избори, но предлогот води кон прашањето дали сакаат да го блокираат изборниот процес. Прашањето дали е уставен предлогот е затворено и нема простор за дебата. При толкав кадар што го има ВМРО-ДПМНЕ, не треба да инсистира на тоа решение. Предлогот е спротивен на Уставот, човекот е полковник по чин, сакаат да направат преседан“, истакнува Зибери.

Според Уставната судијка, Маргарита Цаца Николовска, Уставот е јасен во членот 97, каде е наведено дека со Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи треба да раководи цивил, односно лице кое било цивил во последните три години пред изборот.

„Не знам како може да се размислува дека човек кој не е цивил може да биде кадар согласно Уставот. Може да зборуваме за одредени закони, дали имаат проблеми, но се знае како се менуваат закони да бидат согласно Уставот и како се менува Уставот ако има некаков проблем.  Јас не можам да прифатам преседани кои се неуставни, тие се спротивни на владеењето на правото. Заложбата на државните органи е приципот владеење на право да функционира и во пракса. Европскиот суд за човекови права вели дека мора и во пракса да има резултати“, рече Цаца Николовска во изјава за Стандард.

Дека кандидатот на опозицискиот лидер е неуставен, вчера во изјава за Стандард потврди и лидерот на Демократскиот сојуз и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов.

 

Целиот текст прочитајте го на Стандард.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e