“А,војна да имаме!“ единствен спас за фамилијата

Кога “ШТРАЈК СО ГЛАД“ ќе преставува твој наголем политикански “успех“, а сето останато се киксови, тепачки на конзуларно ниво и слични небулози, и ако сето тоа е зачинето со огромна доза на квази-историјанство; нормално е по дваесетина години повторно да се вратиш на “гладувањето“ како на спасоносна идеја…

Но што овој пат би можело да стои зад оваа циркузијада? Што и за кого одработуваш овој пат!? Или се работи за – Носталгија!? Можеби… но носталгија кон што?

Од проглас до проглас, од секој нов потез, на целото ова криминално здружение, што се крие зад барокна кулиса на партија, од сето тоа, може веќе да се прочита, одработување на нај деструктивната, а за нив нај спасоносната идеја, која веќе ја имаме чуено од нивниот идеолошки гуру – “А,војна да имаме!“

Нив војната им отвара два, по нивна логика, спасоносни излези – Едниот е: Да во така создадениот хаос лесно ја напуштат Македонија, со сето покрадено азно од народот во овие десет години тиранија.

А вториот излез, при ваква екстремна опсаност, каде правдата им дише во врат. а лицата на сите убиени, обесправени, уништени и згазени од нив, се почесто ги посетуваат во нивните кошмари; тој втор излез е: Америка и Е.У. повторно да се вратат на стариот лош избор, подобро нека има диктатура но да нема војна, и некако повторно, по цел низ на порази, по некоја луда среќа, да освен што се криминалци останат барем уште некое време, и власт…

На нас е да им дадеме сличен одговор како при “сценариото“ на Грујо и Змијалков наречено “Диво Насеље“, да не подпаднеме под провокации, и да покажеме, уште еднаш, сложно, дека граѓаните на Р. Македонија не сакаат “војни труби“, туку дека си го сакат и ценат својот дом, дека си ја ценат својата земја родилка, и дека токму тука кај што сме се родиле сакаме и можеме да направиме подобар живот за сите, подобар, по правичен, по цивилизиран и пред се да се направи, клучното, слободарско раскрилување на Македонија и такво нејзино припојување кон Европа, кон која цивилизациски и гео-политички, секогаш и сме припаѓала.

п.с.
Незнам дали ова циркузијада со “гладување“ воопшто ќе се одржи. Но како и да е, би им препорачал на ПИЦЕРИИТЕ ВО КАПИШТЕЦ да ги удвојат набавките за периодот кој следи…. Сигурно, по стар добар обичај, ќе имаат тајни посети од “штрајкувачите“…

Фејсбук статус на Југослав Петровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e