Анѓушев: Економијата треба да се додржи жива, за потоа да се лекува

-Јас по 3. јануари откако се повлеков од функцијата оставив владата да си ја работи својата работа. Денес зборувам од позиција на стопанственик, тоа што го работам долго време. Сите не изненади ситуацијата со корона вирусот, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното вклучување во „КликПлус“ на ТВ 21.

-Парите ќе станат многу важен ресурс во светот, секако не поважен од здравјето на луѓето. Првин треба да им честитаме на сите здравствени работници во светот, но мора да бидеме свесни за последиците од новонастанатата ситуација, констатира Анѓушев.

Тој смета дека пристапот до средства ќе стане отежнат.

-Намалување на приходните, па и расходните страни во економијата. Големите држави зборуваат за задолжувања од милјарди евра или долари. Ситуацијата ќе има сериозно влијание врз економското живеење. Сите компанииќе бидат афектирани од оваа ситуацијата. Во споредба со проектираното ќе претрпат загуби. Важно е да се додржи во жива состојба економијата за да потоа биде лекувана. Секако ќе биде повредена! – заклучува екс вицепремиерот за економски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e