Анѓушев: Ценам дека е добра мерката за исплата на минимална плата

-Државата побргу да се задолжи додека сеуште има ресурси во светот, бидејќи сите ќе имаат потреба од средства и истите нема да бидат расположливи така лесто, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното вклучување во „КликПлус“ на ТВ 21.

Освен задолжувањето Анѓушев порача дека транспорните коридори мора да функционираат.

-Компаниите мора да ги извезуваат своите прозиводи, а да увезуваат репроматеријали. Не смееме да бидеме затворена економија бидејќи како мала економија сме зависни од останатите економии во светот, оцени Анѓушев.

Компаниите да преживеат за различен број на месеци да одржат активност, барем минимална. Ценам дека е добра мерката за исплата на минимална плата. – заклучи Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ