Ангеловска: Утре ќе бидат префрлени 28 милиони евра на банките, граѓаните треба да ги потрошат средствата најдоцна до 15 август

Нина Ангеловска, министерка за финансии во техничката Влада, во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со објаснување дека платежната картичка е темелно осмислен проект, а на банките издавачи веќе утре ќе им бидат префрлени 28 милиони евра кои ќе бидат ставени на располагање на граѓаните.

“Платежната картичка е еден огромен и темелно осмислен проект кој во кратки рокови е ставен во функција. Веќе има налог до трезорот и утре ќе бидат исплатени 28 милиони евра директно до деветте банки издавачи на картичките коишто ќе бидат веднаш ставени на располагање за трошење на средствата од страна на граѓаните. Мерката е добро осмислена да даде навистина насочени цели и ефекти како кон погодените сектори: угостителство, туризам, македонски производи и услуги, во смисла на тоа дека 28 милини евра ќе се влеат во погодените сектори преку граѓаните, а секако мислевме и на тоа да се опфатат сите граѓани, односно 4 таргет групи, коишто ќе добијат домашна платежна картичка, односно 325 000 граѓани. Граѓаните коишто добиваат највисок износ на поддршка се невработените лица и приматели на социјална помош коишто се активни баратели на работа. Нашата цел е да ги држиме луѓето активни со цел сите да придонесуваме за да економијата оди напред и да расте. Пасивните или неактивните баратели не се опфатени бидејќи тие не се пријавени во Агенцијата за вработување и тие всушност не се баратели, тие можеби работат хонорарно, имаат доходи по други основи, остваруваат приходи од автоски права и сл.

Картичките веќе се печатат, средствата утре ќе бидат исплатени на сите банки-издавачи, без какви било трошоци за граѓаните или за државата. Зборуваме за процес кој не може во еден ден да се реализира. Од утре ќе започне и дистрибуција на дел од картичките кои се веќе испечатени. Издавањето ќе се случува почнувајќи од утре, а најдоцниот рок за издавање на картичките поставен во уредбата е 18 јули, додека рокот за трошење на средствата е до 15 август. Во месеците јуни, јули и дел од месец август овие 30 милиони евра ќе се потрошат и ќе ја зголемат приватната потрошувачка секако со фокус на домашните македонски производи и услуги” – објасни Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e