Ахмети навести коалиција со СДСМ

Во емисијата 200 на Алсат М телевизија во која синоќа гостуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети, од истата испрати сериозна порака околу формирањето на новата Влада.

Имено лидерот на ДУИ запрашан од новинарот какво е неговото мислење со оглед на тоа дека гласачите на ДУИ и мнозинството на албанци се плашат од коалиција со ДПМНЕ и воедно сите анкети укажуваат дека сакаат коалиција со СДСМ, Ахмети одговори дека ќе ја почитува вољата на албанците и ке се насочи кон она што го бараат истите, воедно укажувајќи дека оние албански гласачи кои ја подржале СДСМ не извршиле предавство туку тоа е нивно граѓанско право.

Со ова можеби и дефинитивно се става крај на калкулациите кој ќе ја предводи идната Влада на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e