Адеми: Целта на воспитно-образовниот систем е друга, не она што го видовме во видеата

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 рече дека бил згрозен од случувањата во училиштата како што можеше целата јавност да види од видеата.

„Секако дека образованието е секогаш тема на која има што да се каже и слушне. За видеата кои ги видовме, осудувам било какво девијантно однесување и постапување на учениците во и надвор од училиштата. Целта на воспитно-образовниот систем е сосема нешто друго за разлика од она што ние го знавме од видеата кои ги објавувале“, рече Адеми.

Министерот верува дека непријатно чувство имаат и самите ученици но и нивните родители.

„Очекувам училиштата да преземат конкретни педагошки, евентуално и други мерки. Ние сме максимално посветени да ги зајакнеме кадровските капацитети во образованието, бидејќи тие се првата алка во нашиот заеднички механизам кои се справуваат со ваквите појави“, додаде Адеми.

Професорите, гости во емисијата велат дека не секогаш се училиштата виновни и дека понекогаш за тоа се виновни и родителите, бидејќи користат лоши воспитни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e