Втор случај на Ковид -19 вирус во Кр.Паланка, преземени се сите мерки за заштита на населението

Денеска од страна на министерот за здравство Венко Филипче беше објавено дека во државата во изминатото деноноќие дијагностицирани се 30 нови случаи на вирусот Ковид – 19 од кои еден е од Крива Паланка.

По информации добиени од надлежните институции се работи за лице кое исто како и предходното се заразило додека претстојувало во државниот завод за рехабилитација “Козле” во Скопје, каде пред некој ден, по поголемиот број дијагностицирани лица, се одлучи тој целосно да биде затворен, на пациентите им било земано брис за утврдување на состојбата и биле пратени на лекување во домашни услови под строго контролиран надзор.

Локалните надлежни институции од Крива Паланка уверуваат дека простор за паника нема. Уверуваат дека имаат контрола над ситуацијата и дека е преземено се за лицето без да направи никакви контакти пред да биде донесено од Скопје да биде ставено во самоизолација вклучително и луѓето од потесното семејство кое исто така не излегува од својот дом а храна и потребни намирници, според пропишана процедура им се носат од страна на тимови на општинскиот кризен штаб.

Од  надлежните институции од Крива Паланка исто така апелираат да се следат препораките и мерките на министерството за здравство и владата со цел да се спречи било какво понатамошно влошување на состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e