Во сабота во Кр.Паланка ќе се оддржи театарска претстава во рамките на проектот “Мој обдусман”

Во сабота, 14 декември 2019 година, со почеток од 20:00 часот, во кино салата при центарот за култура во Крива Паланка ќе се оддржи претставата “Хумана приказна”, која се реалзира во рамките на проектот “Мој обдусман – театарот како метод за зголемување на основните човечки права”.

Проекцијата е во продукција на Онлимит медиа во партнерство со Народниот правобранител.

По завршување на претставата ќе се одржи отворена дискусија со Народниот правобранител, Иџет Мемети.

Влезот на претставата е слободен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e