(ВИДЕО) Николовски: Зимски центар на Калин Камен ќе има!

Носителот на кандидатската листа на коалицијата “Можеме”, Љупчо Николовски, вчера во родната Крива Паланка, на трибина со граѓаните вети Зимски центар на Калин Камен.

ljupcho

“Зимски центар на Калин Камен ќе има!

На вака пресечен мандат на половина, направивме многу, но имаме уште толку за правење, и повеќе.

Во мојата Крива Паланка тоа е гасификацијата до секој дом и зимскиот центар на Калин Камен.

Има една разлика меѓу луѓето кои ви ја бараат довербата. Мојот збор важи нешто! Истокот ме знае многу добро и знае дека не зборувам напразно.

Затоа порачувам – гасификација до секој дом во Крива Паланка и зимски центар на Калин Камен ќе има!

Зошто можеме заедно. Уште повеќе и уште подобро!” – потенцира Николовски пред кривопаланчани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e