Видео истражувачка сторија на невладината ЕГРИ за состојбата на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки за општините од СИПР

Невладината организација Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ, во рамките на проектот Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој, изготви видео истражувачка сторија за состојбата на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки за општините од Североисточен регион (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково.

Истражувачката сторија се состои од анализа на 31 индикатор преку кои беа мерени транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки за општините од североистокот, интервјуа со лица упатени во процесот на водење на јавните набавки како и мини анкета со граѓани.

Сторијата е изготвена со помош на грант доделен преку проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Фокус. Содржината е единствена одговорност на Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија. 

Во продолжение погледнете ја видео истражувачката сторија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e