Автобус „мерцедес“ прегази жена пешак во Маџари

На 16.04.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Маџари“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e