На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од с.Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
