МВР со детали за прегазениот пешак во Карпош: 25-годишна девојка управувала со возилото!

Рано утринава сообраќајна несреќа се случила на една од фреквентните крстосници во Скопје, при што тешко е повреден велосипедист.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 07:15 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишна скопјанка, удрило во велосипед.

Во несреќата тешки телесни повреди здобил 58-годишниот велосипедист од Скопје. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Надлежните институции работат на расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e