Бесплатно летување за деца од Крива Паланка – објавен јавен повик

Општина Крива Паланка објави јавен повик за бесплатно летување за деца на возраст од 7 до 14 години, ученици од второ до деветто одделение од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“.

Повикот е наменет за деца од социјално ранливи категории, меѓу кои: семејства корисници на социјална помош, самохрани родители, деца без родителска грижа, деца од разведени родители со ниски примања, како и семејства со вкупен месечен приход до 50.000 денари.

Летувањето ќе се реализира во август 2026 година во детското одмаралиште „Радости“ во Охрид, во соработка со Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија. Престојот ќе трае седум дена и вклучува шест полни пансиони, организиран превоз, осигурување, како и спортски, едукативни и забавни активности под надзор на стручни лица.

Право на учество имаат деца кои ги исполнуваат условите утврдени во повикот, меѓу кои да се жители на општината и да се редовни ученици со примерно поведение.

Пријавувањето се врши со доставување на потребната документација во архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Рокот за пријавување е до 29 мај 2026 година до 15:30 часот.

Изборот на корисници ќе го врши посебна комисија формирана од градоначалникот, која ќе ги разгледа и бодува сите пристигнати апликации.

Повеќе информации на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e