ПРАШАН ДАЛИ ЌЕ БИДЕ СМЕНЕТ ОД МИНИСТЕР, Цветан Трипуновски НЕ ВЕЛИ, НЕ. Премиерот ќе одлучел

По денешната пресконференција во владата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски му беа поставени две прашања околу неговото можно заминување од министерската позиција:

Премиерот најави реконструкција на владата, дали сметате вие дека ќе бидете сменет, со оглед дека има и од опозицијата барање за ваша интерпелација?

– Во однос на реконструкцијата на владата, премиерот го има полното право да го состави идниот владин кабинет, одлуката негова е конечна, секогаш се почитувала, така ќе се почитува и во наредниот период.

Очекувате дека и по реконструкцијата на владата ќе останете на оваа позиција?

– Кажав, финалната одлука ја носи премиерот и он го составува владиниот кабинет. Каква и да е неговата одлука, ќе се почитува.

 

Дали со ваквите одговори Трипуновски најавува негово заминување ќе покаже периодот пред нас?

За потсетување, смена на министерот за земјоделство не бара само опозицијата туку самите земјоделски здруженија.

Јавноста беше сведок на бројни афери и апсења за МИТО од 50.000 до 100.000 евра на директори и блиски соработници на министерот Трипуновски, лица со кои тој одеше во предизборието и го бараше гласот на земјоделците.

Слични објави:

ОПИЕНИ ОД МОЌТА ЗАБОРАВИЈА ДЕКА СЕ ТАМУ ДА ИМ СЛУЖАТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, НЗМ со јавен револт и барање ОСТАВКА од Трипуновски

ТРИПУНОВСКИ ПО СКАНДАЛОТ СО ИПАРД НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЈА ВРШИ ФУНКЦИЈАТА и треба да си поднесе ОСТАВКА

(ВИДЕО) “МУ ГИ ЗАТВОРИЈА И ТОЈ ОД ЛЕВО И ТОЈ ОД ДЕСНО ОД НЕГО” Земјоделците разочарани од министерот ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ

ЗЕМЈОДЕЛЕЦ КОН ТРИПУНОВСКИ: 26 МЕСЕЦИ НЕМАМ ДОБИЕНО СУБВЕНЦИИ. Министерот со наведната глава и молчи

НОВА ПРИЧИНА ЗА СМЕНА НА ТРИПУНОВСКИ Субвенции не се исплаќаат, владее тотална негрижа на државата кон сточарите

НОВ СКАНДАЛ ВО МЗШВ Сточарите гневни на министерот Трипуновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e