48-годишен градежен работик загина во гостиварско

На 21.04.2026 во 17:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во гостиварското село Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А.(48) од Тетово.

Според пријавеното, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил И.А. во пределот на главата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e