ЈАВЕН РЕВОЛТ НА НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА (НЗМ)
Почитувани колеги земјоделци,
Денешната трибина во Кавадарци беше само уште едно „веќе видено сценарио“ со одбрани учесници и игнорантски однос од страна на ресорното министерство.
На прашањата поставени од претставник на НЗМ — докажан лозар со огромно домашно и меѓународно искуство — претставниците на министерството одговорија со потценување и омаловажување. Опиени од моќта, заборавија дека се таму за да им служат на земјоделците, а не да ги игнорираат.
Порака до министерот Цветан Трипуновски:
Министре, прозвани од Вашата изјава дека сте „расчистиле со НЗМ“, Ви порачуваме:
НЗМ е тука, секогаш ќе биде со земјоделците и нема да отстапиме!
Ниту Вие, ниту било кој друг може да застане на патот на вистината и правдата за македонскиот земјоделец.
Поддршката за нашите членови и колеги продолжува уште посилно.
БАРАМЕ ОСТАВКА!
Поради сето горенаведено и арогантниот однос кон трудот на лозарите, НЗМ јавно повикува на Ваша оставка.
Зедно сме посилни!!!!
