(ВИДЕО) Д-р Николов и кардиолошкиот тим од Клиничката болница Штип извршија сложена кардиолошка интервентна процедура

Д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог од Штипската клиничка болница со видео презентација за сложена кардиолошка интервента процедура.

“Пациентка со изразена градна болка во мирување, после добра епидемиолошка анамнеза, итно е внесена во ангиографска сала. Со соодветна заштита на персоналот, извршена е сложена кардиолошка интервента процедура.

Веднаш после интервенцијата, пациентката е стабилна и префрлена на одделение.

Ние сме спремни за да го заштитиме вашето здравје!!!

Поздрав од кардиолошкиот тим на Клиничка Болница Штип!!!

Поддршка до целиот медицински персонал во државата, поддршка до полицијата, поддршка до војската, поддршка до целиот македонски народ!!!

СИТЕ ЗАЕДНО И СПЛОТЕНО, ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ КАКО ПОБЕДНИЦИ ОД ПАНДЕМИЈАТА!!! – потенцира д-р Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ