Маж во Штип ја убил партнерката и сам се пријавил во полиција.
Според првичните информации, вчера околу 20.15 часот во полициската станица во Штип дошол Ф.З. (25) и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П .
25-годишниот ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.
Тој кажал дека телото се наоѓа во објект во Штип. Полициски службеници го нашле телото на жената. Во тек е увид на местото на настанот, во присуство на дежурен јавен обвинител. Телото на починатата жена е предадено на обдукција. Засега нема детали за мотивот.