На 20.10.2024 во 20.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода Д.И. (27), Т.С.(19) и Д.С.(38) од Крива Паланка. При преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.