Тројца повредени откако возило се преврте на автопатот Мајка Тереза

Тројца се повредени откако на автопатот Мајка Тереза се преврте „опел астра“, соопшти полицијата.

Како што е соопштено, возилото кое го управувал Ц.С. (40) од гостиварско, излетало од коловозот и се превртело.

Со тешки телесни повреди Ц.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а сопатниците Д.С. (38) и еден малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Направен е увид на место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e