Судот пресуди: Екс градоначалникот на Св.Николе треба да врати 12.000 евра

Основниот суд во Свети Николе со одлука бр, 71/18 од оваа година донесе пресуда со која поранешниот градоначалник на Свети Николе Зоран Тасев, го осудува со парична казна во износ од 713.374 денари и условна казна од 1 година за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.1 од КЗ.

Согласно пресудата „именуваниот прикажал дека во возилата на ТППЕ Свети Николе е наточено гориво во износ од 1.228.633 денари иако реално било наточено гориво во износ од 537.026 денари, а поголемата прикажана количина на гориво ги потрошил за лични потреби, за потребите на неговиот татко Лазо Тасев и за потребите на непознати физички лица на кој начин го оштетил имотот на општината со горенаведениот износ.

1 2

“Оваа е почитувани граѓани доказ како се трошеле народните пари во поранешниот систем, како се злоупотребувале парите на граѓаните во сопствена корист и во корист на своето семејство.

Бројчаникот полека но сигурно почнува да врти во општината Свети Николе. Верувам дека сите поднесоци на кривични дела за злоупотреба на службената должност и овластување конечно ќе добијат разрешница. Правда за сите!” – напиша на Фејсбук, актуелниот гтрадоначалник, Сашо Велковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e