Средношколката Божица Стоевска стана градоначалничка на Крива Паланка на еден

Општина Крива Паланка е голем пријател на младите, така се обврзавме така и ќе биде, посочи градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

„Денеска за прв пат ги отворив вратите од мојот кабинет во рамките на заедничкиот проект со Europe House Крива Паланка „Градоначалник на еден ден“.
Добредојде и посакав на средношколката Божица Стоевска со која заедно ја реализирвме мојата денешна агенда.Транспарентна, отчетна и голем пријател на младите, таква е мојата и нашата Општина“, истакна Митовски.

Митовски нагласи дека младите во Крива Паланка не се само неми набљудувачи, туку активни учесници во општинските политики и креатори на сегашниот и идниот развој на нашата Крива Паланка.

„Силата на Крива Паланка е токму во младите!“, потенцираше Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e