По 8 Септември, граѓаните до крајот на годината ги очекуваат уште неколку неработни денови, од кои дел носат и можност за продолжен викенд. Следниот неработен ден е 8 септември (вторник) – Денот на независноста на Република Македонија. Бидејќи празникот годинава се паѓа во вторник, со земање слободен ден во понеделник може да се спојат четири слободни денови, од сабота до вторник.
Потоа следува 12 октомври (понеделник) – Денот на народното востание. Бидејќи 11 Октомври годинава се паѓа во недела, понеделник е неработен ден, па граѓаните ќе имаат продолжен викенд. На 23 октомври (петок) се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што исто така носи продолжен викенд од три дена.
Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“. За граѓаните од католичка вероисповед, неработни денови се и 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ.
Така, до крајот на 2026 година календарот носи уште неколку можности за одмор, а октомври е особено поволен, со два продолжени викенда.
Кога може да се спојат четири слободни денови?
Ако земете слободен ден во понеделник, 7 септември, ќе добиете четири слободни денови во низа: сабота – 5 септември, недела – 6 септември, понеделник – 7 септември и вторник – 8 септември
Тоа е една од најдобрите можности за краток одмор до крајот на годината.
