Сопругата на Николовски, Андријана, на основното училиште во Кр.Паланка му донираше смарт клупи

Сопругата на Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, Андријана, денеска на основното училиште Јоаким Крчовски во Крива Паланка му донираше смарт клупи кои се со посебни сензори за мерење на количина на ЦО2, влажност на воздухот и температура во градот како и УСБ приклучоци за полнење на телефонски батерии.
224756049_10223714145273437_4156252391826650052_n
“Чест ми е што денеска имавме можност заедно со иновативната компанија Октагон Прима да донираме и поставиме во училишниот двор на ОУ Јоаким Крчовски во Крива Паланка смарт клупи кои нудат интелигентно решение што го следи технолошкиот развој и потребите на новите генерации, вели Андријана.
224160401_10223714144313413_956497057861769084_n
Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со вградени USB портови за полнење на батерии на мобилни телефони и безжичен бесплатен интернет.
225081383_10223714144033406_2260758050489129051_n
Во клупите се вградени сензори кои мерат количина на СО2, влажност на воздухот и температура во градот.
Иновативните и модерните технологии се клуч за развој на прогресивно општество и мотивација на младите генерации за изнаоѓање решенија за подобрување на животната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e