Скопјанец со месеци си ја силувал сопсвента малолетна ќерка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое доказите упатуваат на основано сомнение дека сторил кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот 59-годишник, во временскиот период од јуни 2023 година до средината на август годинава, во семејната куќа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата положба во својство на крвен сродник во права линија – татко, ја наведувал да врши друго полово дејствие сопствената малолетна ќерка родена во 2010 година и истовремено вршел полови дејствија пред неа.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e