Се осовременува работата на Советот на општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски и претседателката на Советот  Изабела Павловска, на последната одржана седница на Советот на советниците им доделија преносни компјутери со цел за поефикасна работа на Советот  и електронска достава на материјалите.

Во иднина сите материјали за седници на Советот и Комисиите на Советот на општината  ќе бидат доставени по електронски пат, а се во насока на осовременување, модернизација и зголемена ефикасност на работата на Советот и Комисиите и намалување на трошоците за умножување и достава, односно, заштеда на материјалот за печатење и пренос.

Советниците веќе имаат и официјални меил адреси преку кои може да комуницираат со граѓаните кои може да ги најдете на следниот ЛИНКкаде и може да се информирате за надлежностите на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ