СДСМ Кр.Паланка: Господа од ВМРО – ДПМНЕ Крива Паланка, полека со нервозата, извор сте на лажни вести – тоа мора да си го признаете

“Господа од ВМРО – ДПМНЕ Крива Паланка, полека со нервозата. Сите знаат кои се кочничарите во оваа криза и кој за што е во оваа криза, кој е на страната на граѓаните а кој гледа да направи се што може ситуацијата да биде влошена, се вели во соопштението на СДСМ Крива Паланка.

“Сите видовме како неспособниот Христијан Мицкоски, извршителот на криминалецот Никола Груевски , пред целата македонска јавност ги кршеше протоколите и мерките за заштита седејки во забранетиот дел од ресторанот ”Чардак” и неговите бодибилдинг активности во теретана за време на полициски час.

Дека сте извор на лажни вести на сите им е јасно. Колку за потсетување, Мицкоски за случајот на теретаната се натпреваруваше со вашиот неспособен министер Наке Чулев кој повеќе ќе излаже. Додека Мицкоски велеше дека биле некакви обоени ракавици, Чулев го демантираше дека тоа било од одсјајот. Или пак Мицкоски го демантираше Чуле. Ова уште не е јасно.

Александар Николовски велеше дека Организацијата на Обединените нации констатирале дека мерките не се доволно рестриктивни за што доби експресен демант од ООН. Лажеше и дека 200 вработени од УЈП биле во изолација. Демант доби и од таму.

Мицкоски потоа, наоѓајки изговор за неизбежниот пораз на изборите, лажеше дека Словача нема парламент. Нова лага. Словачка има парламент уште од 29 февруари.

Излажавте и за бројот на вработени кои останале без работа заради Корона кризата. Прво велевте дека се 140.000 за сега да велите дека се 15.000. И пак лажете. Бројката на одјавени, според официјалните податоци е 8.100. И ова се одјавени. Тука не влегува бројката на пријавени.

Но и тука ќе помогнеме. Веќе се во функција сериозни мерки со кој се помага и на граѓаните и на македонската економија да излезе што подобро од оваа криза.

СДСМ не прекршува никаков карантин и сите лица кои добија решение за самоизолација задолженијата ги почитуваат беспрекорно, за разлика од Христијан Мицкоски кој ги милува кафаните и теретаните и прави погрешни, кафански пресметки.

СДСМ не прави предвреме кампања, туку им помага на граѓаните да се запознаат и полесно да се справат со овој предизвик со кој се соочува целиот свет. Ама на Вас тоа очигледно не ви јасно бидејки на вас не ви е важно здравјето на граѓаните.

Вие се водите од девизата, колку им е полошо на граѓаните, толку подобро за ВМРО –ДПМНЕ. Ама нема да помине, граѓаните се свесни за вашиот кочничарски однос во целата оваа ситуација и затоа на 5 јули ќе бидете жестоко казнети од граѓаните” се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e