Сашко Митовски – Илјадници евра донации и само една желба, Крива Паланка да биде поубаво место за живеење

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, како сопственик и менаџер на два угостителски објекти во градот, е редок пример за општествено одговорен, пред сѐ граѓанин, а потоа и стопанственик и партиски активист на СДСМ. Сега, како кандидат за градоначалник, е со единствена желба – Крива Паланка да биде поубаво место за живеење за сите категории на граѓани.

Солидарноста и хуманоста на дело во изминатaва речиси една деценија говорат дека Митовски умее да сочувствува со маките и проблемите на сограѓаните од маргинализираните заедници, но и со оние кон кои судбината не била толку милосрдна.
Чaршиските муабети низ Крива Паланка „велат“ дека Митовски не останал „глув и слеп“ на ниту еден апел или акција за хуманитарна помош. Напротив, илјадници евра од профитот на неговите угостителски објекти завршуваше во добротворни цели.
И се чини дека неговиот ентузијазам не запира тука.

Митовски, вели дека парите не можат да ја променат болката или да ја вратат загубата, но може да бидат поддршка за понатаму во животот, мал, често и симболичен гест со кој, како што вели, ќе покажеме на оние во неволја дека не се сами и оттуѓени од општеството токму во моментот кога се е безнадежно, затоа што човечки е да се подаде.
Во 2016. година лично од него беа донирани 80.000 денари за лекување на малиот Ведран.

242708351_3729482670487661_5756813341489498566_n„Да ги отвориме нашите срца и да ги подадеме рацете за помош. Денеска целокупниот промет направен во Select Caffe и Pizza Bar Select оди во хуманитарни цели за помош на малото срце Ведран“, порача тогаш Митовски.

Митовски со својот тим се вклучи и во акцијата за помош при лекувањето на малиот Иван, исто така во 2016. година.

„Искрено и со целото срце и со сите расположливи механизми се вклучуваме во оваа акција за помош на ова семејство. На малиот Иван му треба нашата помош, малиот Иван заслужува достоинствено и безгрижно детство“, е уште еден од низата хумани подвизи на Митовски.

Пред три години, илјада евра, промет од локалот Селект кафе, беа донирни за лекување на малата кривопаланчанка Ивана Стојановска за што таткото на девојчето јавно се заблагодари.

„Денеска на сметката на таткото на Ивана го уплативме направениот промет од 60.000 денари од овој викенд во „Селект кафе“. На Ивана и посакуваме многу брзо оздравување и повторно да ја гледаме насмеана со нејзината сестричка и нејзиното братче. На сите Вас кои овој викенд бевте дел од овој настан од срце Ви се заблагодаруваме и Ви гарантираме дека нема да застанеме тука“, порача тогаш Митовски мотивирајќи ги луѓето да ги отворат срцата и да ѝ помогнат на малата Ивана и семејството, за кои подоцна беше дониран промет од уште еден работен викенд во кафебарот.

242882891_584010739614073_7223103086216386778_n

Митовски тогаш се заблагодари на сограѓаните кои во голем број се одзваа на неговиот апел, па така додека конзумираа некој од уникатните пијалаци кои ги нуди урбаниот кафе бар донираа за својата сограѓанка.

Во 2017 година пак, кога цела Крива Паланка се молеше и собираше донации за лекување на Елена Колевска, Митовски беше меѓу првите кои донираше сума за нејзин спас.

„Ајде Крива Паланка сите заедно да направиме дело со кое ќе се гордееме.
Вечерва донесовме одлука, во сабота целокупниот промет од дневната забава со DJ Frantic да го донираме за нашата сограѓанка Елена Колевска. Ајде луѓе да ги отвориме нашите срца“, без двоумење порача и тогаш.

Пред две години Митовски повторно целодневниот промет го донираше за лекување на друго дете од градот.

„Експресно вечерва донесовме одлука дека утрешниот промет направен во „Селект кафе“ ќе биде дониран за лекување на нашата сограѓанка Сандра Ангеловска.
Ве повикуваме утре сите да бидеме во „Селект кафе“ за малата Сандра“, гласи еден апел на Митовски од 2019 година.

Девојче кое прерано остана без својата мајка, исто така, доби финансиска поддршка од Митовски која ќе ѝ се најде во идина.
„Денеска на сметката на малата Антонела која прерано ја загуби својата мајка уплативме 1.000 евра или 61.300 денари. Истовремено истите средства ги орочивме до нејзино полнолетство. Овие парични средства беа собрани уште во месец август на хуманитарната забава во „Селект Кафе“, но поради законската процедура за одредување на старател односно нејзината баба, беше одложено нивното реализирање“, соопшти тогаш тој.

Секогаш се сеќаваме и на неговите празнични подароци кои ги донираше на дечињата чии фамилии не можеа да си дозволат таков “луксуз”. Митовски, години наназад, следејќи го својот порив за помош таму каде што е најмногу потребно, иако без функционерска позиција, делеше новогодишни пакетчиња во кривопаланечката ромска населба, како и во далечните планиски села Нерав и Огут.

242756321_1010458619706037_7757649282267272759_n„Едноставно секое дете заслужува внимание“, кратко вели Митовски за традицијата која ја следи секоја година во пресрет на новогодишните и божиќните празници со цел повеќе детски насмевки.

242759354_331371322094446_1372911499512862910_nОд поддршка не изостаана ниту младите спортски надежи. Сашко Митовски, како млад човек, секогаш знае да го цени и поддржи спортот кој е гаранција за здраво население.
Кошаркарскиот клуб кој во континуитет реди успеси и трофеи „КК Крива Паланка“ отсекогаш ја имал поддршката од Митовски.
„Благодарност до “Селект кафе” и “Воденица 3” за несебичната поддршка и активно учество во организација на активностите од сезоната 2018/19.Приказната продолжува.“, рекоа тогаш од клубот.

242816290_289216646366272_5443639088543681375_n„Ви благодариме на вниманието и почитта. Наредната сезона остануваме Ваши верни партнери. Вие продолжете да ни го промовирате градот и да бидете наша гордост“, возврати Митовски.
Митовски верува дека Крива Паланка може да биде подобро и инклузивно место за живеење.
Неодамна на кафе средба со Бранкица, лице со попреченост која е позната како голем борец за правата на лицата со попреченост порача дека се приклучува кон мотото “НИШТО ЗА НАС – БЕЗ НАС”, со кое како што рече, ќе може да креираме заеднички решенија за подобра и инклузивна општина.
„Сите имаме одговорност да им овозможиме на лицата со попреченост да бидат активни граѓани на нашето општество, како неотуѓив дел од него, да ги слушнеме нивните барања и потреби пред да носиме одлуки кои влијаат на нивниот живот“, порача Митовски во една прилика при одбележувањето на Интернационалниот ден на лицата со нетипичен развој.

Mitovski-2-720x406Сашко Митовски понудувајќи го просторот на својот ресторан „Воденица“ беше дел од организацијата на роденденско изненадување за малиот херој Ведран кој ги мина ставотните поплави во скопскиот регион во 2016.година.
Неговиот 11. роденден беше прославен со голема забава на која присуствуваа неговите соученици и другари, а ресторанот „Воденица“ се погрижи за беспрекорнно доживување за гостите и славеникот Ведран на кој прерано судбината му покажа дека животот е неправеден и не секогаш милосрден.
„Нема ништо поубаво од тоа да ја гледаш насмевката како блеска на едно детско лице,нема ништо поубаво од тоа да знаеш дека некој денеска имаш направено среќен. Никогаш да не заборавиме дека сите ние сме гости на овој свет, животот е премногу краток за да не ги отвориме нашите срца и не им ја подадеме раката на тие кои им е најпотребно!“, порача Митовски тогаш.

Оваа силна порака, дека сме само гости на овој свет, се чини, низ годините е водилка на Сашко Митовски, човек кај кој домашното воспитување, животното искуство, партиската идеологија, знаењето и вештините, придонеле да е пример за солидарност без оглед на околностите кои ги носи времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e